Марија Балабан, долгогодишната девојка на Стефан Ѓуриќ Раста, проговори за апсењето на нејзиното момче во Македонија за поседување дрога. Марија се огласи на Инстаграм и сподели порака од тимот на Раста, зад кој очигледно стои и таа.
– Стефан Ѓуриќ Раста е ослободен од краток административен притвор во Северна Македонија, кој, со целосна соработка, брзо беше прекинат. Раста и Балкатон Ганг продолжуваат со своите активности без прекин. Им благодариме на фановите во Македонија за нивната голема поддршка, разбирање и трпение. Искрено се надеваме дека наскоро ќе има можност за ново дружење. Стефан лично ќе се обрати на јавноста кога ќе дојде вистинското време. Ги молиме медиумите за одговорно известување и им благодариме на сите за нивното разбирање и поддршка. Ваша Балкатон Ганг- пишува во соопштението на неговиот тим, кое и таа го сподели.

Инаку, Марија е најголемата поддршка на Раста веќе неколку години и нејзина прва сериозна врска и љубов по распадот на нејзиниот брак со Ана Николиќ.
Таа е 12 години помлада од Раста и ретко се огласува во јавноста.
Марија ја напуштила родната земја на 15-годишна возраст и отишла во Австрија за да студира глума. Покрај глумата, таа е популарна и на ТикТок, каде што има речиси 80 илјади следбеници, на кои на хумористичен начин им го прикажува однесувањето на балканска мајка.
фото: printsceen/instgaram




