Новиот состав на Комисијата за утврдување на имиња на улици во Чачак, Србија, на денот на нејзиното конституирање, предложи Културниот центар Чачак да го носи името на познатиот рок-музичар Бора Ѓорѓевиќ, роден во Чачак, кој почина минатата година и беше погребан во својот роден град.
– „Денес решивме да предложиме Културниот центар Чачак да го носи името на Бора Ѓорѓевиќ, бидејќи сите знаеме колку голем белег оставил во српската култура и колку го сакал својот роден град. Секогаш гордо нагласуваше дека е од Чачак, и сметаме дека ова е добар начин симболично да му се заблагодариме за неговиот придонес во уметноста во Југославија и Србија“ – рече претседателот на Комисијата, Марко Парезановиќ.







