Пејачката Ивана Шашиќ проговори за разводот на Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ, кои решија да го прекинат својот брак по повеќе од дваесет години заеднички живот.
Иако поминаа 16 месеци откако пејачката Драгана Мирковиќ првпат објави дека се разведува од Тони Бијелиќ, и три месеци од официјалниот развод, дури сега почнаа да излегуваат на површина нови детали од оваа приказна.

– Не би сакала премногу да навлегувам во сето тоа, но мислам дека има многу слоеви. Она што можам да го кажам е дека целосно ѝ верувам на Драгана. Таа, сигурна сум, постапи правилно во секоја смисла. Верувам дека Тони е одговорен за крајот на нивниот брак – изјави пејачката Ивана Шашиќ во емисијата „Претрес“.

– Тони е виновен, Тони, тој е. Не знам, не знам, само Драгана е во право милион проценти – рече пејачката.
фото:Instagram printscreen/dragana_mirkovic/ivanasasic_official



