Радио Милева фамилија...

Никола Станишиќ во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ меѓу натпреварувачите си го најде својот братучед: „Нашите прадедовци биле биолошки браќа“!

Никола Станишиќ во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ меѓу натпреварувачите си го најде својот братучед: „Нашите прадедовци биле биолошки  браќа“!

Скопјанецот Никола Станишиќ, победник на последната сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, открил дека Даниел Савиќ, со кого се натпреварувал во осумнаесеттата сезона, е негов близок роднина, или како што вели тој, негов брат.

Оваа вест ја шокираше јавноста, но на некој начин и пејачите кои и ги израдува, бидејќи тие навистина се спријателија за време на натпреварувањето, па оваа информација им помогна уште повеќе да се зближат.

Кога Никола објави фотографија со Даниел и Елвис Мешиновиќ на својот Инстаграм профил, под која напиша дека тие се негови браќа, но и дека тој навистина е крвно поврзан со Даниел, многумина помислија дека е шега.

„Не е шега, навистина неодамна дознавме дека сме во роднинска врска, и тоа во многу блиска“ – изјави Станишиќ за Гранд. Во понатамошниот разговор, Никола откри и како се поврзани тој и Савиќ.

„Се испостави дека нашите прадедовци биле биолошки браќа. Значи, мојата баба од страната на татко ми и бабата на Даниел исто така од страната на татко му се сестри од чичковци, односно деца од двајца браќа“ – објасни победникот на „Ѕвездите на Гранд“.

Колку љубов се роди меѓу братучедите покажува и фактот што така почнаа и јавно да се обраќаат преку социјалните мрежи, не криејќи ја гордоста и среќата за заедничкиот успех, но и откритието дека се дел од исто семејство.

„Мојот победник и пред сè мој брат(учед)“ – напиша Савиќ во описот на фотографијата со Никола и него,  под која пак Станишиќ напиша: „Моја фамилијо, ве сакам“!

Да  потсетиме дека Никола Станишиќ неодамна доби  и српско државјанство, бидејќи неговиот татко Срѓан го напуштил родното Косово за време на НАТО бомбардирањето и заминал со своето семејство во Скопје, каде што се населил, а подоцна тука се родил и живее Никола.

Фото: Инстаграм/danijel_savic_megaherc/nikolastanisik

To top