Радио Милева среде емисија

Кети Пери доживеа „незгода“ на горниот дел од гардеробата , па стави перница преку градите (видео)  (видео)

Кети Пери доживеа „незгода“ на горниот дел од гардеробата , па стави перница преку градите (видео)  (видео)

Пејачката Кети Пери е дел од стручното жири на натпреварот „Американски идол“, а неодамна имаше и помал инцидент на сетот.

Имено, таа се појави во необична комбинација на облека, а носеше метален горен дел кој во еден момент пукна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Колегите се обиделе да и помогнат, а на крајот Кети рекла дека до крајот на емисијата ќе држи перница на градите.

Имено, на Кети ѝ се распаднал металниот топ кој ѝ ги покривал градите, а бидејќи колегите од жирито на споменатото шоу не можеле да ѝ помогнат, пејачката одлучила да држи перница  до крајот на снимањето.

Сепак од фотографиите и видео-материјалите кои ги преплавија  социјалните мрежи, се забележува дека  и самата пејачка се смеела на својата мака. Кети на нејзиниот официјален „Instagram“ профил објавила хумористично видео од целиот настан.

„Потребно ми е топот да остане на мене“, изговара пејачката додека колегите се обидувале да ѝ помогнат.

„Доколку не се поправи, гледачите на емисијата ќе добијат повеќе отколку што очекуваат“, се пошегувала таа.

По шоуто, Пери дала изјава за „Access Holywood“ по повод инцидентот. Таа искрено признала дека била свесна за ризикот кој го носи нејзината облека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

„Не би го нарекла тоа „дефект“, само ќе кажам дека беше интересен момент на телевизија во живо“, изјавила таа.

фото: printskirn/instagram

To top