Младата пејачка Мими Јовановска Нуне, која на јавноста најмногу и е позната по одличните изведби во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, неодамна го прослави 25 тиот роденден.
Таа денес на нејзините кратки приказни на социјалната мрежа Инстгарам каде што е активна сподели неодоливи моменти од прославата која ја организирала по повод роденденот.
Мими сподели колаж од фотографии на кои ги дува свеќичките додека во нејзината прегратка цврсто го држи синчето Никола.
Насмевките од младата велешанка, заедно со нејзиниот сопруг и колега Филип Нуне и синчето докажуваат дека навистина забавно си поминале.

Тие славеле во ресторан со торта и декорации, но секако според фотографиите се забележува дека на нејзиниот посебен ден најмногу и значело присувството и топлината на семејството.
foto:printscreen/instagram








