Поранешниот учесник во ријалити шоуто Бенјамин Спаховиќ им подлегна на повредите по сообраќајна несреќа, а погребот се одржа денес. Во тешка сообраќајна несреќа, неговиот мотоцикл се судрил со патничко возило, а лекарите со денови се бореле за неговиот живот, но за жал не успеале.
Семејството и најблиските пријатели се собрале за да му оддадат почит и да го испратат на вечното почивалиште.

Како што објавија медиумите, на погребот на Бенјамин Спаховиќ избила тепачка меѓу непознати лица. Во моментите кога се очекувало да биде целосен молк и мир и последна почит кон починатиот, дошло до тепачка и физичка пресметка што може да се види на видеото, а мотивот засега не е познат. Присутните биле во шок, а биле извлечени и пиштоли, јавуваат босанските медиуми.
Sarajevo divlji zapad… pic.twitter.com/C9kGCrYFyu
— DosSandzos (@DosSandzos_) May 31, 2025
Фото: Инстаграм/bspahovic







