Пејачката Ана Николиќ повторно ја изненади јавноста со своето однесување во еден загрепски клуб.
Видео кое кружи на TikTok ја прикажува Ана Николиќ како без срам се тркала по подот пред публиката, додека изговара реченици што малкумина успеале да ги разберат.
По енергичниот настап, Ана се обрати на публиката, но нејзините зборови беа неповрзани, збунувачки и тешки за разбирање.
– Велам за сите жени, мажот ја игра клиниката! А што се жените за клиниката, е*и се? Па, не, не, ќе го земеме типот, ќе ве земеме вас, ќе ги земеме нив… Нема да одат во војска, нема да земаат лекови – во клиника! – промрмори таа. Публиката остана во чудење, додека обожавателите загрижено прашуваа во коментарите: „Дали е сè во ред со Ана?“, „Ова веќе ја премина границата на забава“ и „Има ли крај ова?“
@anaivax 🖤 #ananikolic #mintzagreb ♬ original sound – Anaiva
Ова не е прв пат Николиќ да биде цел на коментари за контроверзно однесување, но ваквите сцени стануваат сè почести. Дали е само шоу програма или нешто многу посериозно?
фото: printscreen/instgaram





