Николина Ковач направи пауза во кариерата, а токму кога сними песна по две години, таа и нејзиниот сопруг Саша Капор доживеаја тешка сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила пред неколку години, а пејачката потоа истакнала дека ситуацијата го променила целиот нејзин поглед на животот.

– Кога ја снимив мојата втора песна „Сомнително лице“ и се вратив на сцената по бракот и породувањето, Саша, мојот син Николај и јас имавме голема сообраќајна несреќа. Паднавме во реката и тоа беше многу стресно за мене. Сцената кога го вадев Николај низ прозорецот, бидејќи водата дојде над нивото на прозорецот, беше ужасна. Му реков на човекот што ми помагаше да излезе, само да го земе детето, и допливав до брегот во фустан. Тогаш сфаќаш колку си мал и безначаен – откри Николина.
– Потоа ја променив мојата целосна перцепција за животот. Во тој момент не посетував психотерапевт, денес го правам тоа почесто. Потоа побарав сила во себе. Преку ноќ созреав и пораснав, но ми требаше време за да го вратам мирот во мојот живот, а и во себе – изјави пејачката, која долго време се плашеше од возење.

– Ми требаше долго време да го изгубам стравот од возење. Ми беше непријатно и кога возев и кога бев патник. Предупредував да забави, да закочи, знаев и да излезам од колата… Траеше околу две години, а во исто време добив страв од летање. Сега возам и летам, но сè уште имам мал страв од авиони – изјави Николина за локалните медиуми во тоа време.
фото:Instagram printscreeen/




