Водителка Александра Пановска Илиевска имаме прилика да ја гледаме во утринската програма на Канал 5 телевизија.
Но, освен таму таа е активна и на социјалната мрежа Инстаграм, каде најчесто објавува фотографии од работното место, но и приватни моменти, како сега.

Имено, Александра и нејзиниот сопруг Александар за првпат станаа родители на ќеркичката Сара која оваа година наполни 4 години.
Мајката и ќерката заедно се израдуваа на пролета и уживаа во природа под расцветаните дрва во парк.

Токму нејзината наследничка беше поводот кој водителката не можеше да го премолчи туку реши да го сподели и пред следбениците.
Имено, Александра на кратката приказна се пожали дека е на маки пред спиење. Таа за да го долови тој момент искористи едно видео од цртаниот филм Том и Џери во кој се препозна па преку кое го долови моментот со кој објасни како се чувствува кога наместо да спие мора да седи будна и да слуша.
– Време за спиење, но децата почнуваат да ви раскажуваат за нивниот ден – пишуваше во описот покрај видеото.
Секако тоа се слатки маки, но интересни да се споделат и со другите.
Тоа го почитува и водителката, па затоа на следната објава ја сподели и позитивната мисла која кажува многу.
– Само уживај во животот. Никогаш повеќе нема да бидеме толку млади.

За сѐ си има свое време. А кога ќе помине стануваме посвесни за тоа што сме искусиле. Затоа добро е понекогаш да бидеме будни и кога е време за спиење.
фото: printscreen/instgaram/





