Пејачката Емина Јаховиќ отпатува во потоплите краишта, каде што се фотографираше на плажа и покажа што пие.
Она што најмногу им го привлече вниманието на фановите беше фактот што беше топлес, а градите ги покри со нозете.

Јаховиќ пиеше чај на плажата, но бидејќи коментарите веднаш почнаа да се редат, многумина ѝ предложија дека подобро би било да пие коктели, таа ја избриша објавата од социјалните мрежи.

Јаховиќ своевремено откри дека безрезервна поддршка во потрагата по внатрешен мир ѝ дава нејзиниот духовен учител, шаманот Дурат, со чие водство се нурнала во најдлабоките делови од своето битие.
– Тоа беше малку застрашувачко, но многу инспиративно искуство. Секој од нас во себе има духовен водич кој се појавува во форма на животно. Тоа не е статично, туку се менува во зависност од фазата во која се наоѓаме. Станува збор за духовно патување во кое се среќавате со животното што го опишува вашиот карактер. На Јутјуб има многу видеа што можат да помогнат, но јас го доживеав тоа со мојот духовен учител кој ме водеше низ искуството – изјавила тогаш за “Hello”.
фото: printscreen/instagram




