Тешко да е да верува во суровата реалност од големата трагедија која ја зави во црно Македонија.
Зборови за утеха нема за младите загубени животи, сите на кои таа кобна ноќ им беше последна. Сочувство до семејствата на загинатите, но и последен поздрав до колегите музичари испрати и естрадата од соседството.
Многумина соработуваа со ДНК, но исто така и со членовите на бендот кои беа музички уметници почитувани и надвор од дома. Пејачката Јелена Томашевиќ се прости од траггично загинатите членови на ДНК, меѓу кои таа соработуваше со тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев.
Јелена Томашевиќ
– Почивај во мир драг Џоче! Нека ви бидат светли Господовите патишта за вас и членовите на вашиот бенд „ДНК“, како и за сите оние кои прерано заминаа со вас во царството небесно. Тага до небо во мојата сакана Македонија! Длабоко сочувствувам со тебе! Моето искрено сочувство до сите семејства на жртвите и до сите граѓани на Македонија.
Жељко Самарџиќ.
„Бескрајна тага“, напиша Жељко.
Јелена Карлеуша
Уште еднаш изразувам најдлабоко и најискрено сочувство до цела братска Македонија. Каква страшна трагедија! Толку многу млади животи… Плачејќи додека читав вест..
Момците од македонската група ДНК гостуваа на мојот концерт во Скопје…. сакана од македонската публика… Не можам да верувам дека го пишувам ова… Нека Универзумот им даде сила на семејствата на оние кои починаа во оваа страшна болка!- стои во објавата на Јелена.
Сергеј Ќетковиќ
Црногорскиот пејач во знак на сочувство ги одложи концертите во Скопје на 21-ви и 23-ти март.
-Длабоко сум потресен од трагедијата во Кочани. За оваа болка и тага нема утешни зборови. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.
Во молитви со вас!
Владо Георгиев
Некои од пејачите како блиски соработници останаа буквално без зборови. Затечени од шокантната и болна вест која ја примија од Македонија.
Џенан Лончаревиќ
-Нека душите им најдат мир, напша Џенан Лончаревиќ кој ја препеа на српски познатата „Ако сутра ме нема“.
Сека Алексиќ
Алексиќ со симболи од раце кои се молат пати сочувство до Македонија.
Александра Пријовиќ
Скршено срце за Македонија остави и Александра Пријовиќ која изминатото лето имаше случајна средба со Панчо.
Во трагедијата животот го загубија најмалку 59 лица, додека повеќе од 150 биле повредени. Ова е најсмртоносниот пожар во историјата на Македонија.
фото: instagram printscreen/jelenatomasevic_official