Радио Милева нејзината гордост

Девојките лудуваат по синот на познатата Оливера „Пинк Пантер“: Беше во врска со пејачка, а сега е слободен фраер (фото)

Девојките лудуваат по синот на познатата Оливера „Пинк Пантер“: Беше во врска со пејачка, а сега е слободен фраер (фото)

Поранешната членка на криминалната банда „Пинк Пантер“ и поранешна кошаркарка Оливера Ќирковиќ зад себе има богато животно искуство.

Таа често јавно зборува за многуте ситуации со кои се соочувала во текот на животот, а нејзините видеа со совети, шеги и споделени искуства се многу популарни на социјалните мрежи.

Многумина нејзиниот живот го споредуваат со филм, а иако таа, како и повеќето, поминала низ различни тешкотии, таа е благословена со ведар и позитивен дух.

Оливера го има синот Никола, кој има 28 години и кој очигледно е „опасен“ за жените. Сите коментираат за неговиот изглед, особено откако Ќирковиќ постојано објавуваше негови фотографии.

Никола игра кошарка и е исклучително атрактивен млад човек, а по објавите на Оливера со нејзиниот наследник, на  социјалните мрежи осамнуваат воодушевувачките коментари под нивните заеднички фотографии само се редат.

Никола беше во долгогодишна врска со Анџелина, помлада пејачка која некогаш немаше ништо друго освен пофалби за него.

– Ме освои затоа што имаме добра комуникација, добро се согласуваме, тој е пријател кој ми се допаѓа и ме привлекува. Пред се’, тој однос, како пријателство. Се разбираме, ме поддржува – изјави во една прилика пејачката за српските медиуми.

Од друга страна, Оливера еднаш се отвори за врската со нејзиниот син и призна:

-Имам добар син, многу сме блиски, неразделни бевме до 10 години и не можам да се објаснам. Го повредив преку тоа злосторство, но секогаш со надеж, како коцкар, дека ќе се извлечам од таа приказна“, изјави поранешната кошаркарка.

фото:Instagram printscreen/oliveracirkovic

Поврзани теми

To top