Радио Милева полно срце

Милица Павловиќ ниту во најлудиот сон не помислуваше дека ќе и се случи нешто вакво (фото)

Милица Павловиќ ниту во најлудиот сон не помислуваше дека ќе и се случи нешто вакво (фото)

Убавите и успешни жени стануваат инспирација за многумина, но Милица Павловиќ немала поим дека таа самата ќе стане инспирација за роман.

Регионалната музичка ѕвезда чии хитови долго време ја пленат публиката ширум регионот, сега стана дел од книжевниот свет.

Имено, во романот „Повикот на Јадранот“ Милица Павловиќ и нејзината песна „Шеќер“ се еден од клучните фактори во емотивното патување на главниот лик.

Романот на авторката Милана Милошевиќ Миња беше објавен во октомври минатата година, а популарната млада ѕвезда дури неодамна дозна дека е дел од ова книжевно дело.

-Сакам да споделам со вас една убава приказна која ме инспирираше, која ми ја допре душата и која ми покажа дека сум на вистинскиот пат кога е во прашање мојата работа. Пред неколку дена имав средба со мојот менаџерски тим, кога ми дадоа подарок кој пристигна околу Нова година. Пакетот го содржеше романот „Повикот на Јадранот“ кој беше означен со розови налепници. Го отворив романот и го видов моето име и песната „Шеќер“. Цело поглавје во книгата е насловено „Шеќер“ – рече Милица.

Пејачката не ги штедеше емоциите по ова неочекувано откритие.

-Поубав подарок за Нова Година не можев да добијам и ти благодарам Миња за оваа книга. Можеби никогаш немаше да знаев дека моето име е спомнато ако таа не ми пратеше подарок. Ова толку многу ми го исполни срцето, ме инспирираше да продолжам, а можеби и те инспирираше да веруваш во тоа што го правиш и дека во вистински момент сите коцки ќе си дојдат на своето место. Верувам во тоа – изјави Милица на својот Инстаграм профил заедно со фотографии од книгата.

„Драга Милица, ти благодарам за песната „Шеќер“. „И за концертот во Херцег Нови во 2022 година, на кој не стигнавме, а кој доведе до создавање на оваа книга“, е посветата што авторот на овој роман го напиша за пејачката.

фото:Instagram printscreen/senoritamilica

To top