Радио Милева на егзотична дестинација

Ана Радуловиќ ужива во Дубаи, водителката ги полни батериите за нови животни авантури (фото)

Ана Радуловиќ ужива во Дубаи, водителката ги полни батериите за нови животни авантури (фото)

Ана Радуловиќ неодамна се разведе од пејачот Мирче Радуловиќ, со кој има син и заедно донеле одлука да се разделат.

Ана сега реши да се посвети на себе, па ги спакува куферите и замина од Србија да помине неколку дена на егзотична дестинација.

Таа се огласи на својот Инстаграм профил и сподели незаборавни моменти од Дубаи.

Ана објави нови фотографии и видеа на кои се гледа како ужива на сонце, додека виолинистот свири само за нејзината душа.

Водителката се пофали и со прекрасниот букет рози, како и со магијата што волшебникот ја направи само за неа покрај базенот.

Радуловиќ никогаш не ја трга насмевка од лицето, а судејќи по фотографиите, во Србија ќе се врати среќна и одморена.

Да потсетиме, таа неодамна зборуваше за развод. – Не беше лесно, но научив дека човекот мора прво да биде добар со себе за да биде добар со другите. Треба да имате храброст, да бидете искрени и отворени. Животот треба да се живее храбро и праведно. Проблемот е што многу луѓе не живеат како што сакаат затоа што им недостига таа храброст. Не можете да живеете од туѓите мислења. Има само еден живот, тоа така треба да биде.

фото: print Screen/Instagram

To top