Македонскиот актер, сненд-ап комичар и водител, Сашко Коцев вчеравечер беше еден од најбарaните јавни личности од страна на медиумите и тоа не само домашни туку и од соседството.
Целата ситуација пламна и особено доби на интензитет откако Министерството за внатрешни работи излезе со потврда на негодувањата кои претходно кружеа по порталите дека актерот Сашко Коцев предизвикал инцидент со полицијата во центарот на Скопје, а во записникот стои:
-На 27.01.2025 околу 19.15 част во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
По ова јавно соопштение, телефонот на Коцев се вжешти, за изјава се „чекаше ред“, а тој не беше резервиран, туку напротив, сакаше да ја појасни ситуацијата за сите, за да не преминува во драма и дека нема потреба да се прави сензација бидејќи според него воопшто не било така.
-Мислам дека нема потреба да се прави драма, бидејќи воопшто не е така. Не сум прегазил никого, па јас не сум возел 200. Само се приближив, полицаецот, за кој немав поим дека е полицаец, бидејќи беше во цивилно, се поттргна. Со сопругата го земавме детето од балет и во центар кај „Мериот“ кога поминував не можевме да поминеме, стоеше автомобил со отворени врати. Им реков кои сте вие, што сте затвориле улица, се приближив со колата, а полицаецот се потргна и удри по хаубата на мојот автомобил и рече- „сега ќе видиш кој сум“. Од ударот детето се исплаши и почна да плаче. Значи само е направена поголема драма. Навистина нема потреба од сензација, изјави Коцев за ММС и за уште неколку портали.
За нештата дополнително да излезат од контрола, а на Сашко да му требаат нерви и трпение за увоз, беше моментот кога инцидентот доби дури и извоз кај медидиумите од Србија кои направија „каша- попара“, па известија најпрвин дека се’ се случило на автопат меѓу Бујановац и Прешево. Ситуацијата наводно се случила кога актерот не застанал по наредба на полицискиот службеник за да може да помине црковна делегација која била на пат за средба помеѓу српскиот патријарх, Порфирије и македонскиот поглавар г.г. Стефан, а притоа го удрил со автомобилот.
Откако доби повик и од Србија, па и за нив даде изјава, а во меѓувреме и јавниот обвинител од Бујановац извави дека кај нив станува збор за друг инцидент со македонски државјанин, но не е Сашко Коцев туку лицето Ј.А кое причинило и материјална штета покрај нанесената повреда на службено лице, а тоа е сосема друга ситуација.
Вистината е дека Коцев навистина имал инцидент, но тоа било во центарот на Скопје кога ја земал ќерката од час по музичко, а таму била странската делегација со ВИП лица, па се случило она што се случило, а за кое како што се вели и во соопштението на МВР – се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Facebook/ Zlatna Bubamara Na Popularnosta/ Македонски народен театар /Sasko Kocev