Младата македонска пејачка Ивона Јо денови наназад објавува дека за неа претстои операција за абдоминална пластика и липосукција на стомак и подбрадок, операција од чија промена таа ќе се чувствува подобро физички и психички со задоволството како изгледа, односно ќе изгледа.
На патот до својот успех тргна пред три дена, храбро и самоуверено до една приватна клиника во Истанбул каде легна под нож, а за целиот процес како што претходно најави ја изнестуваше јавноста преку Инстаграм.
View this post on Instagram
Откако интервенцијата помина успешно, Ивона најпрвин се огласи со фотографија од болничкиот кревет преку која порача дека операцијата поминала успешно и таа е добро, но со измешани емоции и плач од неверување.
-Благодарам за секоја порака што сте ја пратиле. Добра сум, жива, здрава и спремна за нови победи. Тимот на докторот се прекрасни луѓе и професионалци. Благодарна до небо и назад за се’. Се уште се немам видено… Сликите се тука, плачам и во неверие сум, пишува Ивона.
По неколку часа откако анестезијата веќе почна да го заслабува дејството се повеќе и повеќе, Ивона повторно се јави, но овојпат и преку видео порака, го покажа лицето, се насмевна, па дури и кусо запеа.
Нештата за оваа млада и храбра девојка тргнаа онака како што таа посакуваше и очекуваше. Пред неа е уште една операција, односно втора фаза од ова што го започна, а истата е после 6 месеци. За неа најважно од сѐ е во целиот процес-отстранување на вишок кожа да се влезе со вистински и реални очекувања од своето тело.
Предизвик ќе биде целиот процес, но со верба и добра мисла сѐ ќе помине. Инаку, пред четири години Ивона правеше операција за намалување на желудникот, ослебе доста и напорно вежваше се’ до оваа операција која беше очекуван след на процесот кој таа истрајно и храбро го започна.
фото:Instagram printscreen/ivonajo