Радио Милева со обраќање на „вие“

Розга откри непознати детали за моменталниот однос со Петар Грашо: „Tоа не потсетува низ што минавме заедно“ (видео)

Розга откри непознати детали за моменталниот однос со Петар Грашо: „Tоа не потсетува низ што минавме заедно“ (видео)

Јелена Розга неодамна ги одржа седумте концерти во Сава Центар. По првиот настап таа за српските медиуми го коментираше односот со колегата Петар Грашо.

„Јас и Петар ги започнавме нашите музички кариери на истото место во 1996 година. Таа година првпат застана пред публиката како пејач, исто како мене. Се знаеме 28 години, одлични пријатели сме“, рече таа. Во продолжение откри еден детаљ што малкумина го знаат – Грашо и таа сѐ уште си персираат со „вие“.

„Како сте, колега? Дали се одморивте? „Па, добро сум, колешке како сте вие?“, стана дел од нашата комуникација и трае сите овие години. Никому во општеството не му е јасно зошто го правиме тоа, но за нас тоа е убава шега која нѐ потсетува низ што поминавме заедно во овие 28 години – заврши Розга.

Инаку, во вкупно седум концерти, Розга го собори рекордот на Сава Центар, кој претходно со шест настапи го држеше Марија Шерифовиќ.

фото:Intsgram printscreen/rozgajelenaofficial

To top