Британскиот рок гитарист Џон Сајкс, кој свиреше со Вајтснејк и Тин Лизи, почина на 65-годишна возраст.
Оваа информација беше потврдена на неговата фејсбук-страница.
„Многумина ќе го паметат како човек со голем музички талент, но за оние кои лично не го познаваа, тој беше внимателен, љубезен и харизматичен човек чие присуство ја осветли просторијата“, се вели во него.
Понатаму беше појаснето дека во последните денови Сајкс зборувал за својата искрена љубов и благодарност до неговите обожаватели кои биле покрај него низ годините.
Just heard the shocking news of John’s passing…My sincere condolences to his family, friends & fans…🙏✨🙏✨⭐️✨🙏✨🙏 pic.twitter.com/Y6WU3NtdMg
— David Coverdale (@davidcoverdale) January 20, 2025
Сајкс свиреше на два албума на Whitesnake и беше ко-автор на некои од најпознатите песни на бендот, вклучувајќи ги „Still of the Night“ и „Is This Love“. Кариерата ја започна во 1980 година со хеви метал бендот „Tygers Of Pan Tang“ снимајќи два албума пред да се приклучи на групата „Thin Lizzy“ во 1982 година.
Исто така, во 1984 година, тој се приклучи на Whitesnake на покана на основачот и фронтмен Дејвид Ковердејл. По напуштањето на Whitesnake тој објави два албума со неговата група „Blue Murder“.
Дејвид Ковердејл му оддаде почит на својот колега споделувајќи бројни фотографии од него и Сајкс заедно.
„Само што ја слушнав шокантната вест за смртта на Џон. Моето искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и обожавателите“, рече тој.
фото: printscreen/instаgram