„Ред хот“ ја лансираше како водителка, „Бекстејџ“ ја промовираше во уредник, „Х фактор“ го интернационализираше нејзиниот ТВ лик… Го смени и брачниот статус, презимето, а потоа и професијата.
Од една од најпознатите ТВ водителки стана една од најпознатите пилатес инструкторки која оваа своја вештина уште повешто ја промовираше и преку инфлуенсерството на социјалните мрежи, особено на Инстаграм.
Пилатесот и стана професија која ја практикуваше неколку години, за потоа да и премине во хоби и остане навика без која не може ниту ден денеска.
За нејзината улога на маркетинг менаџер во семејната фирма малкумина знаат, но неколку години подоцна сите дознаа како изгледа обичниот човек, особено оние од ранливите категории како изгледа да станат „ВИП на еден ден“.
Со трансформацијата на нејзините ТВ херои, одеше инејзината, иако нејзиното лице никогаш не престана да звучи познато…
Впрочем таа отсекогаш имала што да каже, а и покаже пред ТВ камерите, особено последниве неколку сезони кога Снеже Велков и тоа како има што да ги праша своите гости, најчесто разглобувајќи ги машко-женските односи и тоа многу успешно во нејзиното последно шоу…
Овој пат „Нешто конкретно“ во „Ништо лично“, а Снеже Велков на гости кај Антонио Димитриевски.
Како и обично, на ниту едно друго место нема да слушнете ништо слично како во интер ток шоуто „НИШТО ЛИЧНО“…
Премиерно во СРЕДА, 22 јануари 2025 во 20 часот на YouTube каналот на КурирМК (