Македонската брачна Гранд двојка Елена Миленковска – Гуте Маринковиќ за време на постновогодишниот период и Божиќните празници се најде на релација Белград – Скопје. Сосема логично зашто Елена е Македонка, чие семејство живее во македонската престолнина, додека таа откако се запозна во регионалното талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ со Гуте, се зедоа и созададоа свое семејство со кое живеат во Белград.
Празниците се ионака период кога семејството се собира, па има и можност и повеќе слободно време членовите да се видат меѓу себе, да разменат муабети, а баба и дедо да ги видат и да си поиграат со внучињата. Особено, ако не се во можност постојано да бидат покрај нив и почесто да ги гледаат или чуваат.
Во меѓувреме датумите се поклопија како стрелки на новогодишниот часовник на полноќ. И тоа оние роденденските, па така и зетот и бабата славеа роденден со иста торта, само со различна бројка на свеќичките.
Гуте влезе во 33-ка, а госпоѓа мама на Елена, а бабата или г-ѓата „ташта“ на Гуте и покрај тоа што на дамите не им се бројат годините, таа никако не сакше да ги сокрие. А зошто и би ги криела, кога мајка Слаѓана гордо си ги носи, а уште подобро се носи со истите. 60-тката раситнета, но влезот во седмата деценија никако не кореспондира со изгледот на г-ѓа Миленковска, која мора да признаете дека многу помладо изгледа од што и пишува во личната карта.
Празничните денови за жал, некако бргу минуваат, времето лета, а вообичаените обврски не чекаат, па брачната музичка двојка мораше да се враќа дома. Од Скопје „442 до Београда“, како што вели и познатата песна на Бајага.
Така, Гуте и Елена додека се возеа назад кон дома решија да ја разбијата монотонијата на патувањето, па смислија забава… за себе, ама и за сите останати, која уште по пат ја „прешалтаа“ на социјалните мрежи во вид на прашална загатка насловена: „Чија верзија е подобра?“
Имено, Елена и Гуте во истовреме запејаа дел од рефренот на големиот хит на Тоше „Место на злосторот“! Само што овој нивни дует беше необичен по едно нешто. Во исто време пееја обајцата, но Елена на македонски, а Гуте на српски јазик. Иста песна, ист рефрен испеан паралелно, во исто време во две верзии. А вие гласајте чија верзија повеќе ви се допаѓа?
По пристигнувањето во Белград, речиси едно деноноќие подоцна распеаните патници го објавија резултатите од гласањето… А победникот е… Македонија! Поточно македонската верзија на песната на Тоше! И тоа убедливо со 85:15 % во полза на изведбата на Елена!
Е сега некој ќе рече, дека гласањето се одвивало на македонска територија додека воеле по пат низ Македонија или чекале на граница… Што не може баш да се земе здраво за готово, зашто ене каде граничниот премин на Табановце… Само 30-40 км, додека останатото се вози низ Србија!
Но, кончно не е ниту важно кој победил, најважно е дека сите добро се забавувале. И пејачите со семејството додека патувале и нивните фанови и следбеници на социјалните мрежи!
Фото: Инстаграм/elenamilenkovskaa