Пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја повторно стана хит на социјалните мрежи.
Овој пат причина беше нејзиниот твит кој набрзо стана вирален.
Имено, Стоја Новаковиќ ја сподели својата реакција на мерењето на килограмите и со тоа насмеа многумина.
„Сега стапнав на вага и никогаш повеќе“, напиша Стоја на социјалната мрежа Икс.
SAD SAM STALA NA VAGU I VIŠE NIKAD !#stojainstitucija
— STOJA (@STOJAtw) January 13, 2025
Твитот на Фолкерка предизвика бројни реакции кај нејзините фанови и следбеници на социјалните мрежи, кои воодушевено го коментираа нејзиниот искрен однос кон животот.
Инаку, Новаковиќ еднаш проговори за нејзината борба со вишокот килограми и како успеала да се справи со тоа.
-Од коментари ми е преку глава: „Ех, види Стоја е дебела, има целулит. Да, има одлична енергија, но треба малку да ослабне“.
Па јас се заинатив како секоја жена што сака да биде риба. Тренирав два пати на ден. Јадев пола виршла цел ден, не знам од каде имав енергија да не онесвестам. Пиев цедени портокали, тоа ме одржуваше. Пливање, масажи – откри таа во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“.
foto: printscreen/instgram