Една од најпопуларните пејачки во регионот, Александра Пријовиќ, потврди дека е бремена со своето второ дете, а според пишувањата на медиумите наскоро ќе ја напушти Србија.
Александра е пресреќна бидејќи ќе ѝ се исполни желбата да има второ дете и да му подари брат или сестра на синот Александар, а прекрасната вест ја израдува токму во моментот кога реши да се повлече од јавноста по успешната регионална турнеја „Од исток до запад“.
Со оглед на тоа дека се работи за рана бременост, па стомачето не се ни забележува, таа успеа навреме да ги заврши сите работни обврски без никој да забележи, а сега целосно ќе се посвети на семејството и одржувањето на бременоста.
Пријовиќ среќната вест ја криела и од семејството неколку дена, а во саботата навечер на интимна прослава ги собрала сите свои најблиски пријатели во семејната куќа на Бежанијска коса, кога им открила дека повторно ќе стане мајка.
Идните родители наводно за неколку дена одат на семеен одмор во Мајами, каде Александра максимално ќе се одмори и ќе ужива во првите месеци од бременоста.
– Познато е колку и двајцата го сакаат Мајами, особено затоа што Филип ја запросил таму на плажа. Таму одат секоја година во јануари, па така ќе биде и овој пат. Со оглед на тоа дека е само на почетокот на бременоста, без проблем ќе може да патува. Времето во Америка ќе го искористи за што повеќе да се одмори и да се посвети на семејството, уживајќи на плажа, шопинг, гледање ТВ серии и сè останато што долго време не можеше да го прави поради многубројната работни обврски. Таму може максимално да се опушти, да не размислува за папараците, мирот е она што најмногу и треба во моментов. Се разбира, таа не ни размислува за враќање на сцената во моментов, бебето е приоритет. Слободното време секако ќе го искористи за да слуша мелодии, некои песни се веќе готови, но за тоа подоцна. Сè во свое време“, заклучува соговорникот.
фото: printscreen/instgaram