Радио Милева водени лудории со саканите

Сите на снег само Катарина Ивановска на жежок песок во уште пожешко бикини издание во Дубаи (фото)

Сите на снег само Катарина Ивановска на жежок песок во уште пожешко бикини издание во Дубаи (фото)

Откако вчера падна снег во Македонија, токлку многу му се израдувавме, од најмлади до повозрасни, што социјалните мрежи се затрупани од снежни фотографии од ваму или таму.

Познатата манекенка Катарина Ивановска направи преседан и покажа дека деновиве воопшто не и е до минусни температури, снег и планини, туку сосема обратно, Ивановска заедно со саканиот и двете деца му ја дувна за Дубаи.

А таму секако топло, жежок песок, и време за разладување и водени лудории од се’ она што посакуваат децата, а потоа и вљубените гулапчиња.

Во право време помисливме дека Катарина објавила некоја ретро фото-сесија од некој ангажман, така идеална, па дури и спонтана со бикини, ама реалноста е таа дека манекенката и нејзините најмили се впуштиле во едно поинакво јануарско доживување од Новата 2025 година.

Предизвикот да се биде со деца очигледно прифатен од нејзиниот партнер Стефан со кого таа е заедно извесен период, а дека совршено фукционираат покажува и оваа нивна зимско-летна авантура.

Се’ на се’ многу забава и моменти кои влегуваат во колекцијата спомени за паметење, за нив, ама особено за најмалите кои ќе имаат што да врежат во својата меморија.

фото:Instagram printscreen/ katarina_ivanovska

To top