Радио Милева одлучна

Рада Манојловиќ започна бизнис: Пејачката инвестирала 50.000 евра, планира да се збогати (фото)

Рада Манојловиќ започна бизнис: Пејачката инвестирала 50.000 евра, планира да се збогати (фото)

Атрактивната пејачка Рада Манојловиќ често зборува за својата не толку добра финансиска состојба, откако била ограбена од нејзиниот поранешен менаџер.

Сепак, таа сега реши паметно да ги инвестира парите заедно со сопствената сестра.

Имено, Рада купила три паркинг места во белградската населба Душановац кои ќе ги издаваат под наем.

– Рада и Маја решија паметно да ги вложат парите од настапот. Се што заработиле од Нова година до сега, инвестирале во гаражни простори. До оваа идеја дошле на убедување на пријател кој веќе има 20 паркинг места и заработува многу пари – изјавил извор близок до пејачката пред една година.

– Иако поскапеа паркинг местата, Рада и Маја добија попуст, па пред неколку дена купија три гаражни места за 55.000 евра. Сè уште не почнале да ги издаваат, но планираат да бараат по 150 евра месечно за едно паркинг место.

Според извор за тамошните медиуми, пејачката првично не сакала да се занимава со бизнис, но кога дознала колку може да заработи, се предомислила.

-Едвај ја убедуваа бидејќи Рада веруваше дека нема профит. Меѓутоа, кога слушнала колку заработува на тој начин нејзината пријателка месечно, се предомислила – објаснува изворот и открива дека Рада не планира да застане тука кога станува збор за нов бизнис:

-Колегите на Рада најмногу купуваат станови, таа планира да го направи истото, но сега приоритет и се гаражите. До летото решила да купи уште пет места, исто така во Душановац. Маја ја убедила да не чека и сите пари што ги заработуваат веднаш да ги вложи во гаражи.

фото: prinstgsreen/instagtram

To top