Пејачката Северина на својот Инстаграм профил покажа како го украсила својот дом за Божиќ.
Таа сподели кратки видеа со музичка подлога од божиќната атмосфера и елката со раскошни украси, а еден детал привлече внимание.
Под елката поставила разни новогодишни украси, а на една фотографија покажала плишано мече кое го ставила под борот.
Мечето носи маица со фотографија од Северина и нејзиниот син Александар, а трогателниот детаљ допре до срцата на обожавателите.
За потсетување, Северина неодамна објави нова песна „Тако ти је, сине мој“, која ја посвети на својот син. „Станува збор за лекција што една мајка му ја кажува на своето дете. Почнав да ја пишувам на почетокот на годината, за да ја истресам тагата и гневот што ме обзеде по таа одлука на Врховниот суд, во која рекоа дека моето дете треба да биде одземено поради процедурална грешка“, напиша таа на Инстаграм.
фото: printscreen/Instagram/severina