Кристијан Станковски или едноставно Бомбакис кон крајот на месец јуни 2023 година се ожени со неговата тогашна девојка, сега сопруга Вики, а неколку дена пред дочекот на новата 2024-та година, момчето со картоните со нова порака се пофали дека Дедо Мраз му го донел најубавиот новогодишен подарок, откако Бомбакис за прв пат стана татко.
Една година подоцна, истиот период, пред крајот на 2024-та и дочекот на Новата 2025-та година, Бомба има нова причина за радост. Како и не би, кога „неговото најголемо богатство“, ќеркичката Бисера наполни една година. На својот прв роденден заради природата на нештата никој од нас не се сеќава, ама затоа првиот роденден на своите најсакани никогаш не се заборава!
Така и Бомбакис првото роденденче на своето Бисерче го прослави во свој стил – со картони! Голем за тато и малечок за ќеркичката. На поголемиот кој заврши во неговите раце испишано: „1-на година“, а на помалечкиот, во рацете на Бисера, она пшто со зборови не се опишува, туку само се доживува и чувствува – љубов! И секако еден споделен бакнеж од тато како доказ на напишаното, ама и уште нешто напишано во споделеното покрај фотографијата на малечката роденденка:
„ Среќен роденен животе мој… Сѐ за тебе, од тука до небото цик – цак назад и 5 круга околу Аеродром!“ – сподели пресреќниот „картон маратонец“ која истрча првата сезона во улога на татко на својата најголема среќа.
Една година љубов до небото и назад и… пет круга околу Аеродром!
Фото: Инстаграм/bombakis