Радио Милева толку од љубовта...?

Кристина Димитри на момчето за Нова Година му подари „шут карта“: Пејачката на љубовникот „му го е*а“ празникот, а можеби и животот… или не баш? (ФОТО)

Кристина Димитри на момчето за Нова Година му подари „шут карта“: Пејачката на љубовникот „му го е*а“ празникот, а можеби и животот… или не баш? (ФОТО)

На македонската екс мисица, модел и пејачка Кристина Димитри 2024-та и мина во знакот на новата љубов. Криење, дискреција, изјави, интервјуа, роматика, еротика, заеднички фотографии и видеа со новото момче „фрштеа“ по социјалните мрежи и личните профили на атрактивната тетовка.

Неодамна фотографиите од невестинската фотосесија на Кристина многумина ги протолкуваа дека „дошол денот“ за нова свадба и репризна „прва брачна ноќ“, само овој пат со згодниот Србин.

Дискретна најава за она што во блиска иднина пејачката си го посакала или можеби и го подготвува… Повторно да биде невеста?!

Арно ама, како што обично бива, не е е се’ како што изгледа, а уште помалку како што се прикажува… Така барем испадна работата, со љубовната романса на Кристина Димитриевска, која во последната своја објава јавно обзнанила дека љубовта со српскиот љубовник – завршила!

За многумина шокантно по сите „љубовни бајки, објави и најави на големи ѕвона“, за некои иритантно, за трети сосема очекувано, според онаа, народната: „Решето вода не држи“!

За сега веќе бившиот љубовник останаа само спомени, откако сексапилната Македонка наместо бакшиш за Нова Година му подари „шут карта“!

„Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата… Врз основа на моја одлука ставив крај на нашата врска“ – споделила сексапилната тетовка заедно со фотографијата од среќните денови, овој пат овековечена со црно срце… Наместо епитаф за „умрената“ љубов!

 

Патем, во позадина на објавата оди и песната која, како што напишала и самата: „Тој често ми ја посветуваше, па со истата песна ќе ја затвориме оваа голема љубов“… Налик на последното испраќање на покојниците, кога им ја свират за последен пат нивната песна! Како долг за „ностварените дамнешни сништа и ветените принови“ – како што се пее во стиховите на „последната песна за него“!

Во исто време, како што „исчезна“ љубовта, исчезна и последната заедничка фотографија на Кристина со сега веќе бившото момче, од нејзиниот Инстаграм профил, на кој веќе неа со него  ги нема!

Затоа пак има  нова фотосесија на која расната убавица сликана во секси долна облека, во црн градник и танга прекриени со фустан од проѕирна црна тантела, насмеана во оглдалото ги ги проверува своите атрибути и телесната убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

И додека пејачката и самата се прашува: „Зарем може повеќе од животот да ти нуди?“ остана дилемата, дали пејачката на сега веќе бившиот „му го е*а“ празникот, а можеби и животот или…  баш и не?

Зашто можеби веќе првото уторо по Нова Година младичот ќе се буди покрај некоја нова секси „дада мразица“ во црвена долна облека, како што налага ваквата прилика?

Фото: Инстаграм/kristina.dimitry

To top