Цеца Ражнатовиќ на еден настан ја прашаа кои се нејзините планови за Нова година, а таа во свој стил им одговори на насобраните новинари, што ги насмеа сите.
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, поточно на 17 декември, се појави на прослава кај музичарот Жељко Јоксимовиќ.
Таа во луксузниот хотел во главниот град дошла со својот пријател, фотографот Милош Надаждин.
Како и секогаш, така и овој пат, фолкерката беше облечена по најнова мода.
Имено, Цеца носеше елегантен костум, под кој ѕиркаше бела блуза и скапо кристално ланче, а Ражнатовиќ целиот стајлинг го заокружи со чанта „Хермес“, познатиот модел „Биркин“.
Цеца не беше расположена за изјави за медиумите, па на припадниците на седмата сила им посака се најдобро пред претстојните празници.
– Сакам на сите да ви ги честитам Новата година и Божиќ, се надевам дека нема да се видиме, дека сте живи и здрави, и што е најважно среќни – рекла Цеца, а на прашањето кои се нејзините планови за Нова Година. , таа само кратко одговорила:
– Фантастични – изјавила таа.
фото: printscreen/intgaram