Мегафон

Фолк „кралот  без круна“  го поканивме на поткаст муабет: Миле Кузмановски  во „Ништо Лично“ со Антонио Димитриевски

Фолк „кралот  без круна“  го поканивме на поткаст муабет: Миле Кузмановски  во „Ништо Лично“ со Антонио Димитриевски

Ако соседите ги имаат  Тома, Шабан, Џеј… Македонија го има Миле Кузмановски. Некрунисаниот фолк „крал без круна“  чиј глас одекнува и ѕвони како златна струна која ја растреперува душата со секој отпеан стих, рефрен, секоја негова песна.

И оние во кои срцето ја слави љубовта, и оние во кои истото тоа срце скршено на парчиња по изгубената љубов тагува. Зашто се што отпеал – позлатил, се што сме слушнале од него станува или хит или евергрин и музичка фолк антологија.

Но животот ниту оддалеку на Миле Кузмановски не му бил отсекогаш наклонет, судбината не била милозлива кон него – напротив… Фолк кралот минуваше низ тежок период кога опаката болст го зеде најскапипот данок – животот на негвата прва сопруга, а тој остана како самохран татко на две малолетни девојчиња, неговите ќерки близначки. Очај и горчина, тага и непребол ја обвија неговата душа, се надвиснаа над него како темни облаци на субината која ете сакала така да биде… Но неговото „срце храбро“  ќе собере и сили и волја за да продолжи да живее и пее. И заради себе, семејството, ќеркичките… А со него да продолжи да живее и песната, таа негова нераздвојна животна сопатничка, најдобра и најверна дугарка и во радост и среќа и во тага и болка.

За сите животни премрежја, професионални и приватни растежи и падови, за сите свои мали и големи работи, за сите песни и она што тие му го донеле, за сите вистини и празни прикаски говори единствениот Миле Кузманоски… во поткастот со Антонио Димитриевски. Зашто на ниту едно друго место нема да слушнете ништо слично како во „Ништо лично“…   Среда, 18 декември 2024 во 20 часот на каналот на КурирМК   

 

To top