Сопругата на фубалерот Предраг Рајковиќ, Ана Рајковиќ, е поранешен модел и мајка на три деца.
Парот има два сина – Реља и Тадиј и ќерката Нора, која Ана ја роди во септември годинава.
Поминаа околу три месеци од нејзиното породување, па Ана, како и по претходните две бремености, набрзина ја врати својата женствена линија.
Генетиката, но и здравата исхрана и редовните тренинзи и помогнаа на оваа атрактивна мама повторно да ја облече облеката од пред бременоста.
На социјалните мрежи се појавија неколку нивни семејни слики на кои Ана позира во костим за капење, па беше забележливо дека само три месеци по породувањето нема ни трошка вишок килограми.
Сепак, некои веруваа дека таа не е добар пример и дека многу девојки се плашат да се породат поради неа, како и дека на „обичните жени“ не им е лесно да изгледаат така по породувањето.
View this post on Instagram
Еден коментар се појави на фотографиите на кои Ана позира во костим за капење со децата и сопругот.
– Престанете да ги претставувате таквите жени како нормални. Ги правите жените мизерни, ги трауматизирате и ги комплексирате. Не се залажувајте! Секој може да се поправи на фотошоп. Тоа што таа го сподели со нејзините следбеници, вие не сте обврзани. Побогу – дома имате сестри, тетки, мајки… знаете дека не се такви по породувањето – гласеше еден од коментарите под видеото кое беше објавено.
После тоа Ана почувствувала потреба да и одговори на жената која го напишала ова.
– Сандра, поради жените како тебе, некои млади девојки се плашат од бременост, породување и сите страшни работи што ги кажуваш. Во секоја моја бременост се здебелив и ослабев неколку месеци после неа, трипати се породив по природен пат, а раѓањето деца за мене не претставува никаква траума, туку најубав дар од Бога. Мислам дека треба да се претставам како нормална мајка и инспирација за младите девојки, голем поздрав – одговори Ана.
фото: printscreen/Instagram