Радио Милева несреќа

„И Сенида ја скрши ногата“: Се појави видеото од падот на пејачката (фото) 

„И Сенида ја скрши ногата“: Се појави видеото од падот на пејачката (фото) 

Балканската ѕвезда Сенида Хајдарпашиќ, позната како Сенидах, неодамна настапувала во Сплит, кога на сцената се случила несреќа.

Додека таа го изведуваше еден од нејзините најголеми хитови „Балканка“, зад пејачката помина човек од организацијата.

Сенида не го видела, па се сопнала и се струполила на бината.

Обезбедувањето дошло да и помогне, а таа не престанала да ја изведува песната, туку продолжила професионално да пее.

Таа потоа ја подаде раката и побара од обезбедувањето да и помогне да стане, а потоа продолжи со настапот како ништо да не се случило.

Видеото од падот се појави на TikTok, а описот гласи „И Сенида ја скрши ногата“. Сепак, сѐ уште не е познато дали словенечката ѕвезда е повредена.

@hrvoje.mihalj #senidah #lepabrena #fyp #viral #balkan #hrvojemihalj ♬ original sound – ⁉️

Овој момент многумина го споредија со случајот што неодамна и се случи на пријателката и колешка на Сенида, Лепа Брена, која на третиот концерт во Загреб ја скрши ногата. Токму на тој концерт специјален гостин беше Сенида.

– Стоев зад бината и го слушав концертот и во тој момент некој ми пријде и ми рече: „Ај Брена, падна човек на Брена, ја повреди“. Не знаев што ќе се случи, дали ќе продолжи или ќе го прекине концертот, не знам каква болка имала – изјави тогаш Сенида по концертот.

фото: printscreen/instgaram

To top