Кон крајот на месец ноември македонското девојче Каролина Гочева ја отпочна својата германска турнеја од која закажа шест концерти во шест градови каде македонската дијаспора ќе ја слуша нејзината музика, или најдоброто од неа во живо.
Претпоследниот концерт се случи вчеравечер во Хамбург каде Каролина и нејзиниот бенд приредија вечер за паметење, а моментите како и од претходните концерти беа фото -документирани и објавени на социјалните мрежи.
Неминовно е дека со своите вокални квалитети понудила вистинско уживаже за уши, ама од приложеното се гледа дека Керол од своето храбро издание понудила не само празник за уши, туку и за очи.
Иако е длабоко навлезена во петтата животна деценија, Каролина со стасот даден од Бога нема никаков проблем да се облече како манекенка, па дури и како тинејџерка. За еден таков храбар стајлиг се одлучи на концертот во Хамбург кој беше сочинет од ултра кусо мини зголниште со карнер, надополнето со тесена проѕирна црна блуза од тантела од која се гледа градникот.
Од ова сексапилно и провокативно издание во прв план беа долгите и тенки нозе, најсилниот атрибут со кој таа располага, па свесна за она што го поседува, Каролина го истакна во здолниште од кусо покусо што малкумина на нејзина возраст би можеле да си го дозволат.
Дека владеела посебна енергија, а таа самоуверено се носела со доминацијата на сцена, покажуваат повеќето фотографии споделени на Инстаграм.
Инаку, вечерва германската турнеја завршува со концертот во Берлин од каде македонското девојче и нејзиниот бенд ќе го заокружат ова музичко патување и доживување. Веројатно собрале доста убави спомени, но и еден немил монент кога пред концертот во Дизелдорф биле упатувани, повици за бојкот, апели и закани да не се доаѓа на концертот на Каролина, а тоа го правеле никој друг, туку група иселеници од едно македонско друштво од Дизелдорф. Сепак, концертот се одржа, а вревата беше залудна за крајниот исход на нашите музичари сепак да биде реализиран.
фото:Instagram printscreen/karolinagocheva