Радио Милева професионално-најкреативна, приватно-најтешка...

Весна Бејби Петрушевска вака ја испраќа 2024-та година, можеби најстресната за неа: „На мојата најголема љубов Мина и се случи она што на ниту еден родител не му посакувам, да не знаете дали ќе се разбуди од кома“ (ФОТО)

Весна Бејби Петрушевска вака ја испраќа 2024-та година, можеби најстресната за неа: „На мојата најголема љубов Мина и се случи она што на ниту еден родител не му посакувам, да не знаете дали ќе се разбуди од кома“ (ФОТО)

Актерката Весна Петрушевска или популарната Бејби која речиси секојдневно на своите профили на социјалните мрежи споделува детали од професионалниот живот и приватноста, овој пат реши да ја испрати годината со свој пост во кој откри дека оваа 2024 ѝ била една од најтешките и најстресни години во животот.

Не дека сиве овие години животот ја галел и милувал, но за неа оваа беше година на голгота низ која мина и се’ уште минува и никому не му ја посакува.  Зашто во прашање е она што е најважно – здравјето… Своето и на своите најмили, во случајов на ќерката Мина.

Имено, откако пред неколку месеци ја информира јавноста дека во средината на април ѝ дијагностицирале рак на дојка, Бејби сега проговори и за здравјето на нејзината ќерка, но и за годината која и донесе толку многу професионална радост и приватен стрес.

„Оваа 2024 беше најтешка од најтешките и најкреативна од најкреативните.Мојата премиера на @bogotnakolezot на 24 декември во МНТ доаѓа како одговор на сите насилства кои ги преживеав, на сите одлични одлуки кои ги донесов за да прекинам со лоши и токсични луѓе, за мојата борба со ракот и сега кога врват пробите никоја не забележа затоа што театарот е сурова и прекрасна уметност, на мојата најголема љубов Мина и се случи она што на ниту еден родител не посакувам, а тоа е да не знаете дали ќе се разбуди од кома или не. @monikamilkov е повеќе од моја ќерка и сестра на Мина и ја спаси . Снимав спот за претставата со Игор Џамбазов во моменти кои не можев да стојам на нозе, а истерав до крај .Имам огромна поддршка од мојата екипа – тоа е мојот МНТ. Без оваа претстава немаше да преживеам сигурно. Едвај чекам да дојде Мина и ќе биде со големи букви посветена оваа претстава на мојата хероина. Со татко ми велевме дека ако немаш судбина, немаш живот. Денес се три години како го нема. Тато мислам дека не чуваш од горе и ми викаш: ‘Веки да ти ибам судбината!’… И да тато, за сите полусветови имаше право“ – напиша Весна Петрушевска на својот Инстаграм во својата „проштална беседа“ со со 2024-тата.

Од срце и посакуваме 2025-тата да и биде уште покреативна, и што е многу поважно, приватно најсреќна и најлесна година… И за неа и на нејзините најмили!


Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska

To top