За таа посебна вечер кога ја дочекуваме Новата година, треба да се потрудите кога е во прашање трпезата. Многумина веруваат дека ако е богата таа вечер, ќе биде богата во текот на целата година.
Сепак, како да се подготви нешто што е ново, различно, а сепак има толку совршен вкус? Имаме за вас супер солен рецепт, кој, сигурни сме, досега не сте имале шанса да го направите.
Станува збор за солена торта која го носи името на омилената салата на многу луѓе, Мимоза. Така, за тортата Мимоза ви требаат едноставни состојки и малку време, а резултатот ќе ве воодушеви.
Состојки за кората:
половина литар млеко
4 лажици брашно
125 гр путер
5 јајца
Подготовка:
Во половина литар млеко измешајте 4 лажици брашно. Погрижете се да нема грутки. Посебно растопете го путерот и кога ќе почне да врие додадете го во млекото и сварете го како пудинг.
Оваа смеса тргнете ја од оган и оставете ја да се излади.
Потоа посебно изматете 5 белки и 5 жолчки во два сада. Во изладената смеса прво додајте ги жолчките, па белките и изматете со миксер.
Ставете да се пече во подмачкан плех околу половина час. Кога ќе се излади кората се сече по ширина за да се добијат две кори.
Состојки за филот:
300 гр меко сирење
2 павлаки
половина кг шунка (рендана)
малку мајонез
бибер
сол
Подготовка:
Се матат сирењето и павлаката, па се додаваат останатите состојки. Сè убаво соединете.
Редослед: кора, цел фил, кора
Одозгора можете да ја премачкате кората со тенка павлака и да изрендате малку сирење и да декорирате по желба.
Извор: Курир.мк