Радио Милева за да стане појасно

Познатиот српски глумец ставил крај на бракот во тајност: „Еве сега јавно потврдувам“ (фото)

Познатиот српски глумец ставил крај на бракот во тајност: „Еве сега јавно потврдувам“ (фото)

Ненад Хераковиќ се прослави со улогата на Драгослав Михајловиќ Вампир во филмот „Монтевидео, Бог те видео“, а одигра и една од позабележителните улоги во серијата „Сабља“.

Актерот беше во брак со Тара Тошевски, која публиката ја памети по улогите во „Јужен ветер“.

Според српските медиуми, иако се сакале, нивната љубов пропаднала.

– Се запознавме случајно, на местото каде што најмалку очекувавме да ја најдеме љубовта на нашиот живот. Сè се случи брзо и судбоносно. Тоа беше љубов на прв поглед – изјави актерот за „Hello“.

– Како да беше предодредено да се сретнеме само кога двајцата ќе стекнеме животно искуство и ќе созрееме како поединци. Не ни требаше многу време за да сфатиме дека сме родени еден за друг. Набргу откако се запознавме, се впуштивме во заедничка животна авантура – открија Ненад Хераковиќ и Тара во интервјуто пред четири години.

Во тоа време тие беа на почетокот на нивниот брак, кој го започнаа среде епидемијата. Тие се венчаа во општина Раковица, додека црковната венчавка се одржа во блиската црква „Свети Никола“.

-Како некој што ги следи содржините што секојдневно се објавуваат од порталот, донесов одлука да ве известам за конечната одлука наведувајќи дека одамна не сум во брак – официјално објави актерот.

фото:Instagram printscreen/ nenad.hera.herakovic/ tera_tosevski

To top