Радио Милева кога не е вистинското време

Милица Тодоровиќ искрено за тоа дека не живее добри денови: „Анксиозна сум, душата ми бунтува!“ (фото)

Милица Тодоровиќ искрено за тоа дека не живее добри денови: „Анксиозна сум, душата ми бунтува!“ (фото)

Пејачката Милица Тодоровиќ  камери проговори за тежок период во животот, но и за долгогодишното пријателство со колешката Катарина Живковиќ.

Најпрвин Милица za Alo.rs откри дека нејзината 20-годишна кариера и појавувањата во медиумите малку ја измориле.

– Во моментов чувствувам нелагодност, малку затоа што вие новинарите ме опколивте. Јас сум анксиозна. Претходно намерно зборував за тој тежок период. Бев меланхолична некое време. Мојата душа се побуни. Не ми дојде да пеам… Затоа излегов и реков: „Не ми е добро луѓе!“ На сцената сум 20 години и нормално е да се чувствувам очајно и да сакам да одам кај психотерапевт.

Со оглед на тоа што Тодоровиќ беше на промоцијата на новиот албум на Каќа Живковиќ, со која на почетокот беше цимерка, фолкерката откри непознати детали од тој период.

-Каќа е луда како струја, што никогаш нема јавно да го покаже. Беше интересен животот со неа. Таа е вредна и прекрасна девојка. Додека живеевме заедно се каравме затоа што таа како и секој нормален сакаше да излезе во град, додека јас се дружев со Јутјуб и Фејсбук – вели Милица, а на прашањето дали го видела наследникот на Катарина, Стефан, рече:

– Не во живо. Таа ми испрати слики, но планирам да ги посетам наскоро, заврши Милица.

фото:Instagram printscreen/milicatodorovicofficial

To top