Радио Милева од млади денови

Тој е неговата гордост: Шеф Марк сподели спомен со синот стар повеќе од 20 години (фото)

Тој е неговата гордост: Шеф Марк сподели спомен со синот стар повеќе од 20 години (фото)

Шеф Марк Де Јонг со својот позитивен и ведар дух, харизма и енергија која ја носи, секогаш и секаде успева и умее да изнуди насмевка, да добие внимание, да биде пофален… Едноставно, Марк плени, каде и да е, особено во кујна и пред кулинарски пулт, тој несомнено освојува преку камерите.

Неговото патувачко куланарско шоу „Авантируте на Марк“ налик на емисиите што ги гледаме на познатите канали за готвење, совршено го напополнуваат и отскокнува од содржинскиот дел од изборот на сите емисии од овој тип кои се „сервираат“ и на домашните ТВ канали.

Марк е доста активен на социјалните мрежи и редовно можеме да ѕирнеме и каква е неговата приватност. Тој има македонски корени, ја сака Македонија, па токму оттука е и желбата да се пресели тука и да го продолжи животот и се тоа по аманет на баба си. Предизвик да се отсели од Белгија каде и денес живеат и работат неговите син и ќерка.

Наследникот на Марк, синот Мајкл или како што го викаат по македонски Мики, е целосна копија на татка си. Физички доста лични на него, а и професионално се на иста фреквенција.

Сега веќе успешен млад готвач во Белгија, кој уште од мали нозе чекори по примерот на тато.

Токму на почетоците и времето кога беше мал готвач, Мики се присети на тој период и објави стара фотографија тато, а Марк пак стопен од убаво на душа ја сподели и на своите „стори“ објави зашто синот го нарече „татко бр.1“ што посебно го погоди.

Инаку, Мајкл Де Јонг има 33 години, живее и работи во ексклузивен ресторан во Брисел и е во долгогодишна врска со неговата сакана Еми.

фото:Facebook/ Mickael De Jongh (Мики)

To top