Младен Војичиќ Тифа, поранешен пејач на „Бијело дугме“, не крие дека е горд на своите одлуки, колку и да се тие несоодветни.
Музичарот истакнува дека сите незаконски дејствија ги прави од срце и не се грижи за последиците бидејќи низ животот се води од емоциите и моментот.
Еден од најпознатите рокери од просторот на поранешна Југославија, Младен Војичиќ Тифа пред извесно време во емисија зборуваше за лесните дроги и за тоа како и кога ги консумирал.
Ова видео повторно стана актуелно на социјалните мрежи, а поради признанието дека конзумирал дрога, тој повторно се најде на мета на јавна осуда.
– Порано пиев за да се чувствувам добро. Земав дрога за да се чувствувам добро. Каков пекол? Тоа е само за будали – рече рокерот како да држи благодарница за некој голем успех во бизнисот, а не зборува за нешто од што треба да се срами и да ја подигне свеста кај младите дека опојните средства се зло.
Подоцна зборуваше за тоа како со срцето минува низ животот и дека не е добро да се користи мозокот.
– Никогаш не се каам за ниту една моја постапка. Знам дека има само еден живот. Во мојот случај, многу е важно да правам се’ од срце. Штом почнеш да го користиш мозокот, тогаш калкулираш, а јас правам се спонтано и рефлексно – изјави тој за белградските медиуми.
фото:Instagram printscreen/ mladenvojicic_tifa_official