Во саботата, 23 ноември 2024, во „Franklin bar & Kitchen“ во Скопје со почеток во 16 часот, македонскиота артист кој живее и работи во Париз, (т)раперот чие уметничко име е StarBoy го промовираше материјалот од неговиот нов албум „EuroVision“.
Се работи за вториот студиски албум на овој артист кој се состои од 12 песни. Како што најави самиот изведувач, ќе биде објавен во два дела: Еуро1 и Еуро2 кои содржат по 6 траки.
View this post on Instagram
Промотор и модератор на изданието беше контроверзниот македонски јутјубер Давид Давидовски кој помпезно ја отвори промоцијата и мошне спектакуларно го најави Starboy.
View this post on Instagram
„Македонскиот парижанец“ се појави во впечатлив и необичен стајлинг за кој рече дека кога и пратил фотографија на мајка му и самата му рекла дека изгледа како дезенот на стариот тросед што го имале!
По поздравните говори и вообичаените благодарности, Старбој отпеа неколку свои песни, меѓу кои една со еден италијански артист и уште една со младата македонска пејачка Бони (Божица Китановска) која му се придружи во настапот.
Во исто време Старбој го промовираше и видеото за темата „Go fast“ кој е прв во низата кои ќе бидат снимени, а сокој го најавува албумот „EuroVision“.
View this post on Instagram
Вообичаено на ред дојдоа прашањата на новинарите и заедничко фотографирање со дел од присутните, по што следуваше коктел-кетеринг во кој сите присутни, од кои покрај пртставниците на медиумите имаше и познати личности од македонскиот јавен и естраден живот како манекенката и модел Ангела Василевска, сопственикот на модното студио Мики Црнокрак, инфлуенсерот и јутјубер Бомбакис, оперскиот пејач, тенорот Никола Стојчевски… кои меѓу себе се дружеа и забавуваа.
За потсетување, зад прекарот „StarBoy“ како што му е уметничкото име, се крие Ванчо Пашалиски кој кон крајот на 2020 година за прв пат ја презентираше својата работа во Македонија преку проектот: три траки – три видеа кои подоцна се најдоа меѓу 8-те теми на неговиот деби албум. Патем, тој тогаш ја презентираше и неговата модна линија во Македонија, нов моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“ кој своја промоција подоцна имаше и во Париз!
Старбој најави дека за секоја следна песна ќе снима видеоспот, а полека се подготвува и за настапи, а вие во меѓувреме проследете го видеото за „Go fast“ во продолжение: