Радио Милева убави моменти

„Надвор грч …“: Сара Мејс и Димитр Атанасовски во базен на отворено на шест степени (фото)

„Надвор грч …“: Сара Мејс и Димитр Атанасовски во базен на отворено на шест степени (фото)

Македонската харфистка и пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски заминаа на краток одмор заедно со синот и ќерката, малите Илина и Кирил.

Овој викенд  ги спакуваа куферите и  заминаа во централна Србија, поточно на уживање и прошетка во Врањачка Бања.

Тие камерата не ја тргнаа на страна ниту за момент па веднаш ја  наполнија кратката приказна на Инстаграм.

Со следбениците ги споделија сите убави моменти, но и оние од базенот на отворено.

Така Димитар на ниската температура шетал гол околку базенот и ја снимил Сара додека ужива и плива во топлата вода.

„Бидејќи децата се подмирени време е за базенот на отворено“  – напиша водителот.

– Прејако искуство, надвор грч, водата топла  – пишуваа на видео објавите каде покажаа дел од атмосферата додека се забавувале во толата бања.

 

Тој во еден момент влегол со телефонот во водата за убаво да ја долови сопругата која пак се шегувала и зборувала на српски јазик каде кажа дека температурата на водата е 34 степени и  е термоминерална па  таму заминале да се лечат но и да уживаат .

 

фото: printscreen/instagram

To top