Во сабота, 23 ноември 2024, во „Franklin bar & Kitchen“ во Скопје со почеток во 16 часот, македонскиота ртист кој живее и работи во Париз, траперот чие уметничко име е StarBoy ќе го промовира материјалот од неговиот нов албум „EuroVision“.
Инаку се работи за втор студиски албум на овој артист кој се состои од 12 песни. Како што најави самиот изведувач, ќе биде објавен во два дела: Еуро1 и Еуро2 кои содржат по 6 траки.
Инаку, зад прекарот „StarBoy“ како што му е уметничкото име, се крие Ванчо Пашалиски кој кон крајот на 2020 година за прв пат ја презентираше својата работа во Македонија преку проектот: три траки – три видеа кои подоцна се најдоа меѓу 8-те теми на неговиот деби албум. Патем, тој го најави и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на новиот моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“ од кого едно модно парче во вид на црна маичка е дел од неговиот музичко-моден пакет наречен „Infinity Box“ кој Македонецот од Париз неодамна го промовираше во европската колевка на раскошот и луксузот, Монте Карло.
Паралелно работејќи на домашната, регионалната и европската музичката сцена, тој снима на неколку јазици, меѓу кои и на македонски. Во последните 3-4 години од својата професионална кариера, покрај Скопје, Star Boy има снимено видеа од неколку европски градови како што се Париз, Амстердам, Брисел и Лондон кои можат да се погледнат на неговиот официјален Јутјуб канал „Royalty Records“.