Една изјава на музичка ѕвезда најавува дека јавноста ќе има прилика да чита и гледа како изгледал и изгледа животот на балканската дива.
Лепа Брена во разговор за хрватските медиуми, открива дека има желба да напише напише книга за себе која потоа би била инспирација за сценарио за филм за нејзиниот бурен живот.
View this post on Instagram
-Прво, би сакалa да напишам книга врз основа на која би се снимал филм, бидејќи сценаристот би морал да знае толку многу детали од моето детство кои биле вака или онака. Би знаелa како да го претворам во хумор и да ги претставам подемите и падовите како составен дел од животното патување и растењето. Второ, би можелa да ја опишам сета ментална болка што ја доживеав во текот на мојот живот и да споделам фантастични моменти со луѓето, бидејќи има многу работи што ги немам кажано. Тоа може да биде добра приказна“, вели Брена.
Таа додава дека веќе има замисла како би требало да изгледа филмот.
View this post on Instagram
-Треба да има три генерации… Една што е премлада и исплашена. Друга во средна возраст и последната која е постара и позрела и навикната на подеми и падови“, објаснува Брена.
Таа открива дека моментално не знае кои актерки би ја глумеле, но дека особено ја воодушевила енергијата на наградуваната Јасна Ѓуричиќ, а која ја гледала во претставата „Проект Лепа Брена“.
-Досега имаме четири жени во претставата „Проект Лепа Брена“, меѓу нив и Јасна Ѓуричиќ. Таа едноставно е предводник на мојата моментална енергија. Јасна има актерско искуство… Во 2021 ја доби наградата за најдобра актерка во Берлин за „Quo vadis, Аида?“. Едноставно, потребни се повеќе актери за да се оствари тоа“, заклучува Брена.
фото:Instagram printscreen/ lepabrenaa/ jasnadjuricic