Регионалното музичко талент шоу „IDJ Show“ ја вози новата сезона. Во него двајца Македонци, поточно еден Македонец и една Македонка „растураат“ со своето пеење, но и со својата појава, харизма, однесување, сценскиот настап…
19 годишнотот симпатично и талентирано момче Стефан Ефремов, кое е родено и живее во Свети Николе, е еден од малкумината финалисти. Тој влезе меѓу 12-мината во финалето на ова регионално музичко талент шоу, кое е фокусирано на новосоздадената урбана музика, особено популарна меѓу младите на дигиталните медиуми, а и воедно шоу преку кое се вложува во создавањето и развојот на кариерата на новите музички ѕвезди.
Стефан со секоја изведба позитивно изненадува, а со своите маестрални настапи ги воодушевува не само членовите на жирито туку и публиката чиј глас игра голема улога, како и оној на на слушателите и поддржувачите.
Како доказ дека е тоа така, погледнете го неговиот настап пред жирито, кое е составено од македонскиот композитор и продуцент Дарко Димитров и српските артисти, пејачката Наташа Беквалац и раперот Реља Поповиќ.
View this post on Instagram
Луна Бејков е млада мултиталентирана Македонка, која оваа година исто така е дел од музичкото шоу „IDJ Show“ во Србија, каде веќе ги освои симпатиите на гледачите ширум регионот. Досега имаше неколку претставувања за што доби одлични коментари и пофалби од жирито.
View this post on Instagram
Со едно од нејзините последни изведби во шоуто Луна ги воодушеви сите со нејзиниот глас и емотивната изведба на македонскиот изворен класик „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Чаје Шукарије“.
Луна е инаку од Скопје, а македонската јавност имаше можност да ја запознае како дел од тимот на мошне популарната македонска тинејџ серија „Тин камп“, каде таа имаше своја улога, а доби улога и во дебитанскиот долгометражен игран филм со работен наслов „17“ на режисерката Косара Митиќ, чие снимање се одвиваше на локации во Скопје и Битола.
Во краткото претставување за „IDJ Show“, убавата тинејџерка раскажа дека освен што е пејачка, таа се занимава и со актерство, но и мода и се појавува како фото модел.
Инаку Луна е темпераментна девојка која сака да живее според нејзини правила.
„Израснав во Скопје во центарот на градот со моите родители, мојот брат, можам да кажам дека имав убаво детство“. Како дете сум била многу непослушна, сум имала многу проблеми со професорите. Постојано сум била кај психолог поради различни глупости. Постојано сум имала став, не дозволувам луѓето да ме понижуваат“ – ја почнува приказната за себе младата пејачка која исто така влезе меѓу топ 12 финалистите на „IDJ Show“.
View this post on Instagram
Во описот за себе додава дека пријателите многу и значат, а маана и е што не умее многу да слуша, па и покрај критиките или коментарите, повторно си тера по свое.
„Понекогаш многу повеќе се борам за другите, отколку за себе, но тоа го правам за мал број на луѓе за кои многу ми значат и за кои знам дека и тие за мене тоа би го направиле. Како другарка сум супер, лојална, никогаш не издавам тајни, секогаш го кажувам она што навистина го мислам. Моја маана е што не можам многу да слушам, многу зборам кога некој нешто ќе каже, без разлика дали е тоа позитивна критика или некој коментар дека нешто треба да сменам кај себе, јас поставувам гард и тоа повторно го правам по свое“ – раскажува во претставувањето за себе меѓудругото заводливата и шармантна Луна.
Со нивната последна музичка колаборација во заедничката изведба, двајцата талентирани тинејџери ја потврдија тезата дека Македонија добива две нови млади музички ѕвезди… С
View this post on Instagram
поред многумина, тие се идните наследници на Каролина и Тоше, на Елена и Ламбе… Но, сосема поинакви, свои и автентични, онакви какви што бараат новото време и современите музички трендови.
Затоа, дајте им поддршка, лајкнете, споделете и гласајте за нив.
Фото: Фејсбук и Инстаграм/stefankems_/bejkovluna