Славниот актер Чеки Чен е во медиумски фокус откако неговата вонбрачна ќерка се изјасни дека нема никаква помош од него и дека е бездомник.
Тој и на 70 години е активен онаму каде е најдобар, снимаше и нов филм, а исто и самиот не може да верува дека ја гази осмата деценија од животот.
A recent photo of Jackie Chan, who is about to turn 70. pic.twitter.com/oCMYgqz4QY
— Emir Han (@RealEmirHan) March 14, 2024
Џеки е во брак со поранешната тајванска актерка Лин Фенг-Јајо (71) од 1982 година. Таа не сака да се експонира пред медиумите, а од бракот со актер го има синот Џејси Чен (41), кој тргна по стапките на неговите родители. Џеки во 1999 година направи грешка за која подоцна се покаја – ја изневери сопругата со актерката Елејн Нг Ји-Леи (52). Таа беше Мис Азија во 1990 година, а девојчето Ета (24) се роди од врската со Џеки Чен.
Штом Елејн открила дека е бремена, се појавиле шпекулации дека таткото на детето е познат актер, а таа набрзо го потврдила тоа. Џеки тогаш јавно призна дека „направил грешка што ја прават многу луѓе во светот“.
Поради својата вонбрачна ќерка, актерот често е во јавноста, особено откако неговата ќерка објави видео на Јутјуб во кое сподели дека е бездомник. Таа спиела под мостот со својата девојка Енди Ејтумн и рекла дека нејзините родители не сакаат да ѝ помогнат. Џеки наводно никогаш не воспоставил контакт со својата ќерка, како што пишуваат странските медиуми.
“Здраво, јас сум ќерката на Џеки Чен, а ова е мојата девојка Енди. Веќе еден месец сме бездомници и тоа е поради нашите хомофобни родители. Најчесто спиеме под мост и се снаоѓаме”, рекла таа тогаш.
фото:You Tube printscreen/ Show Scope