Бомбакис со целосно бела коса и остарено лице ја изненади јавноста откако сними видео и го сподели со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активен.
Од видеоклипот кој го сподели на кратката приказни многу луѓе се изненадија па им требаше време да го препознаат влијателниот инфлуенсер и подкастер .
Бомбакис седна зад воланот и се сними додека вози низ скопската гужва која на сите им е позната.
А за целосно да покаже како се чувствува ја активираше Инстаграм апликацијата која му го смени ликот од млад дечко во истрошен старец.
И сето тоа поради сообраќајот во кој заглавил па очајно објасни како се доживува додека вози наутро низ Скопје.
„Ајде добро утро на сите, стресно е да возиш од сабалје, накај 8 во Скопје во сообраќај да бидеш улкучен. Ова ви го кажува Бомбакис 33 години. „ – кажа тој .
Ситуацијата за гратскиот метеж на сите им е јасна, а за ова доживување Бомбакис наместо вообичаениот картон со испишана порака, сега покажа како се осеќа, а многумина се препознаа во она што тој го сними.
фото: printscreen/instgaram/bombakis