Во средата, на 6 ноември, поранешната тенисерка Ана Ивановиќ го прослави својот 37 роденден, која како и секоја година го помина во кругот на најблиските пријатели.
На социјалната мрежа Инстаграм таа сподели слика од интимна прослава, на која носи црн фустан и седи до нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, кој ја прегрнува додека таа држи славеничка торта.
Парот бил во Белград, во ресторан, каде биле снимени среќни моменти.
View this post on Instagram
Ана на својот профил им се заблагодари на сите за убавите пораки и роденденски желби, а нејзината објава привлече бројни честитки, меѓу кои се издвојува онаа од нејзиниот пријател и најдобар тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.
– Среќен роденден Анчи – напиша Ѓоковиќ покажувајќи уште еднаш колку се блиски.
Да потсетиме, Ана Ивановиќ е во брак со Бастијан Швајнштајгер од 2016 година, а двојката има три деца.
фото: printscren/instgaram