Елена Ристеска по долга пауза се врати на сцената. И на онаа фестивалската на „Макфест“, која пак ја врати во живот на главната македонска естрадна сцена. „Ме боли за се“ е песната која е синоним за сите оние што прават анализа на туѓите животи, особено на оние на јавните личности, по цел ден коментирајќи ги на социјалните мрежи.
Или како што самата Елена споделила на својот профил на Инстаграм: „Ме боли за се’ “ е порака до сите кои седат на социјалните мрежи зад скриени профили и коментираат и се хранат со туѓи животи.Баш тие за кои е наменета песнава ги погоди, уште неслушната цела, и многу сум среќна што паднаa на провокација.Мене тоа ми носи повеќе настапи и работа и секако пари. Но, мене ништо повеќе не ме допира, кога сме на таа тема“.
Враќањето во „естрадното јато“ побуди интерес и кај медиумите, па новиот во поткаст на Небојша Толески насловен „Кажи шифра“, уредникот и водител тргна да ја „дешифрира“ пејачката по повеќе основи. Ристеска за прв пат воопшто гостува во некој поткаст, ама не и е прв пат ниту пред камери, ниту пред новинари па прилично вешто „пливаше“ во разговорот и морето од прашања на домаќинот.
Арно ама иако успешно го избегнуваше „декодирањето“ на повеќето шифри и шифрирани парашања, давајќи и самата „шифрирани одговори“ на нив, еден момент сосема ја збуни, за миг извади од колосек, а Елена имаше разочарувачки коментар… Или поточно својот коментар го стави во контекст кој би бил многу пологичен и повозбудлив.
Имено, додека разгвараа, во еден момент парче од сценографските елементи кои го украсуваат поткастот, почна да се откачува и да паѓа од завесата, па пејачката се најде зaтечена.
Водителот за да ја извади ситуацијата потенцираше дека „од убавината на Елена се’ паѓа“, арно ама тоа дополнително ја разочара Елена која веднаш се снајде, па го коригираше во стилот:
„Немој да паѓа… Треба да е обратно, би требало да се крева!“ – објаснуваше пејачката низ смеа, се’ додека елементот не ја прекина, дефинитвно откачувајќи се и паѓајќи од завесата.
Добар или лош знак, кој знае… Ако е судејќи по провокативниот физикус, заводливиот сексапил и привлечна харизма која Елена ги поседува, на секое вистинско машко уште на прв поглед штом ја види веднаш му се крева… „до плафон“! Самодовербата, се разбира, за да проба да и пријде и да се обиде да заведе ваква, ем атрактивна, ем позната убавица! Ако ја знае „шифрата за успех“, секако!
Како изгледаше целата ситуација во која ви го нудиме на дар возбудливиот „ерективниот коментар“ на Елена Ристеска, погледнете од клипчето што следува:
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/elenaristeska_era