Саша Поповиќ периодов се бори со сериозни здравствени проблеми поради кои со месеци не се појавува во јавноста.
Ситуацијата, како што тврди блискиот соработник и пријател на Саша, Зоран Пејиќ Пеја, се подобрува.
– Се подобрува, исклучително ми е драго што е така, да не се жалам. Сите наши пријатели и јас се молиме на Бога Саша да победи. Тој е голем борец и голем човек, заслужува да се извлече. Се подобрува, бавно е, но остварливо – рече тој, па додаде:
– Издржува неверојатно. Тој знае што треба да направи. Тој патува, оди во Франција и се враќа дома. И тука има прегледи и лекари кои се грижат за него. Сега е фокусиран на своето здравје. Сите контакти поврзани со Гранд ги прави телефонски и дава директиви затоа што е сепак музички магионичар и сето тоа без него не би било тоа што е – заклучил Пеја за Свет.
Да потсетиме, Саша Поповиќ не се појави на почетокот на снимањето на новата сезона на „Ѕвезде Гранда“ 2024/25, кога беше откриено дека неговата здравствена состојба е нарушена. Последен пат е виден како го снима финалето на 17-та сезона на натпреварот. Потоа дошол на шоуто со патерици и речиси цело време седел на стол.
фото:Instagram printscreen/facebook/ Zoran pejic paja/ zvezdegranda