Марија Луиса Тодоровска има нов проблем… Инсомниа! И не ни чудно, зашто пејачката професија е како животот на лилјаците. Ноќе се активни, дење спијат. Арно ама, сексапилната битолчанка со скопска адреса е хиперактивна. башка за неа ноќта трае до утрата, досека не се зазори, зашто по тезгата по кафеани, следува нејзиното пејачко второ полувреме по ноќните клубови.
View this post on Instagram
А кога таа приказна ви се повторува често, речиси секојдневно, многу е логично да подлегнете на нејзините нуспојави. Бакшишот во изобилство е она што мами, како убава страна на пејачката професија, ама затоа неспиењето по цели ноќи резултира со инсомнија!
Ако барем малку преку ден успее да прилегнете е ќар, ама денот е создаден и за други потреби и обврски, па спиењето дозирано на „кафена лажичка“ е дополнителна пречка која влијае на физичкиот изглед и убавина.
Марија Луиса до душа има лице за насловна, ама не и кога не е наспана… Зашто тогаш, ниту еден мејк ап, ниту било која шминка, пудра или маскара не може да ти го покрие она што од авион се гледа.
Дека е тоа така, пејачката се пожали веднаш штом стана, се стокми и проба да се замаскира, ама бадијала…
„Денес моите подочници се поголеми од моите гради“ – се пожали Марија Луиса целата стаписана откако си го виде лицето во огледало. А како што е познато и постојано се гледа од приложеното, атрактивната фолкерка е прилично надградена кога е во прашање нејзината бујна силиконска биста.
Гради за машала кај цицлестата битолчанка, како резултат на вештите прсти на мајсторите на естетската хирургија… Бујна предница која оди „две минути понапред“ пред распеаната раскошна убавица!
Па, сега Bие видете, колкави и се виделе подочниците на пејачката која по цели ноќи пее и не спие, ама затоа од бакшишот што дома го носи во црни вреќи и кошници може да си купи и „градник за подочници“! Како мала утеха за видливата колатерална штета од професијата.
Но, за да не биде дека под очите е понапумпана отколку во градите, Марија Луиса вечерта се послужи со старото проверено трикче, па пред да се соочи со гостите во локалот „те та те“, прилично „се отвори“ со длабоко деколте.
А кога бујната предница ќе излезе на виделина во темните ноќи, тогаш… кој те гледа в очи!
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska